info@balkanband.mk
info@balkanband.mk
Слушајте Македонска Музика

Вашиот избор е вашата забавa, секогаш поразлични

За нас.

Потоа следуваше парче динамичен ритам, нешто поразлично од досега сработеното поп  песната „Стари песни, стари другари“ внесе на македонската музичка сцена препознатлив стил. На неа како автор се потпиша Лазар Цветковски.Момците од Балкан бенд ја снимија и песната „Камикази“ во дует со една од најпознатите фолкерки во Македонија, Сузана Гавазова. Следуваше наредната наша песна во која како автор се појавува фронтменот на Балкан Бенд Алкександар Тасевски насловена како Лутко Моја наменета за Македонскиот и Балканскиот пазар. Претпоследната и осма песна на овој албум е воедно и песната по која ги перпознаваат момците од Балкан Бенд, ремек делото на авторот Горан Јовановиќ – Железните Пари Бабини песна и спот кој се создадени според вистинска приказна, нешто што ќе ве допре длабоко до срцето.. Деветата и последна песна од првиот албум е во помодерен поп ритам насловена како Ај ќути ќути исто така авторско дело на Горан Јовановиќ.

Очекувајте уште многу промоции и хитови од Балкан бенд

Балкан бенд, освен што преку своите настапи ја промовира насекаде македонската музика, креира и свои авторски песни. Момците до сега можат да се пофалат со свои композиции кои наидоа
на позитивни коментари и воодушевување кај публиката. Првенчето се вика „Неверник“. Ова е првата песна со која Балкан бенд јасно даде до знаење дека создава квалитет. Музиката ја компонираше Орце Лазаров, аранжманот Дејан Момироски, а текстот го напиша Борче Нечовски.
Потоа следуваше прекрасната балада „Зависен“. Ја промовираа заедно со видео спот и со неа ги разбудија емоциите на публиката. Музиката и аранжманот ги потпиша Орце Лазаров, а текстот го напиша Борче Нечовски. Вокалот на Балкан бенд е автор на нивната трета песна насловена
како „Сам ме остави“. Четвртата нивна песна се вика „Пелин и мед“. Со неа настапија на
ревијалниот фестивал „Роса“ во Скопје.  Како последен наш проект е проектот насловен како НЕШТО ШТО ЌЕ ОСТАНЕ ЗА МАКЕДОНИЈА,со кој се надеваме дека ќе оставиме нешто за генерации и генерации,да ја види цел свет во 4.44мин. борбата што Македонскиот народ ја води за оваа земја години и години наназад,спот кој што е направен по еден концепт на револуција по идеологија на најголеми дејци и ликови кои што ги знаеме во нашата историја,а најголемиот дел од тие ликови и ги гледаме во спотот. Песна која сите ја знаеме како неофицијална химна на Македонија,песна која ја знаат и пеат од мало до големо,песната А бре, Македонче !

Гледајте не на Youtube.

Спотови.

Covers.

Запознајте ги членовите на Балкан Бенд

Пет момци го сочинуваат Балкан бенд. Секој од нив е искусен професионалец, па спојувајќи се во тим, направија состав кој ветува загарантиран успех.

Златко Анчевски

Тапани

Тапанарот на Балкан бенд е поранешен член на славната група Биоритам. Во овој состав беше цели 15 години, каде се стекнува со богато искуство. Следниот период свири во својот бенд Цакум пакум. Високото образование го добива на Музичката академија. Во овој бенд е од неговото создавање, а денес е на лидерската позиција во составот.

Александар Тасевски

Вокал

Пејачот на Балкан Бенд е препознатливо лице на македонската, но и балканската музичка сцена. Јавноста го запозна како вокал на Браво бенд. На сцената се појавува пред неколку години, а во меѓувреме дипломираше на Факултетот за музичка уметност. Позади себе има три албума и неколку хитови. Меѓу попознатите – Девојко, Сам ме остави, Свадба охридска итн.

Бојан Дичоски

Бас гитара

Свири на бас гитара во Балкан бенд. Во овој состав е три години. Има завршено високо музичко образование и факултет за Бизнис и Логистика.

Александар Стаменковски

Ритам гитара

Александар Стаменковски, помеѓу музичарите важи за еден од најдобрите гитаристи кај нас, ако не и најдобар. Комплетен музичар кои со своето богато искуство го збогатува бесценето звукот кој го создаваме во Балкан Банд, поранешен член на бендот на кралицата на ромската музика Есма.

 

Нико Сребров

Клавијатура

Клавијатуристот на Балкан бенд има богато музичко портфолио. Беше член на Тата-мата, бендот на Гоце од Синтезис. Ги следи во настапите врвните музички артисти од Македонија. Заслужено се издвојува како еден од најдобрите клавијатуристи во Македонија. Има завршено Музичка академија.

Наше е да ви го понудиме најдоброто

Свадби.

Традиционални македонски со изворна музика или модерни свадби на кои ги нарачувате светските хитови. Ваше е да го изберете стилот, наше е да ви го понудиме најдоброто.

Балкан бенд има богато искуство со свирење на свадби. Од утринските собири кај младоженецот и невестата, па се до последната песна во ресторанот, ние ви гарантираме најдобра атмосфера.

Репертоарот го креираме заедно, следејќи ги вашите желби.  На големиот ден ваше е да се забавувате, нам препуштете ни ја одговорноста да ги кренеме на нозе сите ваши гости и да ја направиме забавата нешто за кое долго ќе се зборува.

Балкан бенд има репертоар за секоја пригода.

Ноќни свирки и забави.

Музиката е најголемата причина за целосно да уживате како гостин или организатор на забави, свирки во клубови, барови или дискотеки.
Балкан бенд има репертоар за секоја пригода. Без разлика дали станува збор за обично викенд излегување или прослава со повод, наша должност е да ви ги исполниме тие часови со најдобрата музика за сечиј вкус.

Настапуваме на секој вид на приватни прослави.

Приватни прослави.

Веридби, матурски прослави, дипломски забави, родендени, промоции, крштевки… Најубавите моменти кои сакате да ги прославите со вашето семејство, дозволете ни да ги збогатиме со музиката која вие ја сакате.
Настапуваме на секој вид на приватни прослави. Моментите исполнети со добра музика одлично се вклопуваат во секаков амбиент.
Ваше е да ја одберeте онаа музика која одлично ќе се вклопи на вашата прослава, а ние тоа ќе го преточиме во репертоар кој ги задоволува вкусовите дури и на вашите најприбирливи гости.

Информации

Контакт